Следната година ќе овозможиме субвенции за купување на нови велосипеди

Bez autora
Dec 23 2024

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео со кое најавува нови мерки за унапредување на велосипедската инфраструктура.

– Со цел решавање на сообраќајниот хаос, но исто така решавање и на дел со проблемот на загадувањето, имавме многу корисна средба со GoGreen (Биди Зелен), на која што договоривме две работи коишто многу ќе помогнат на сите оние коишто користат велосипеди. Прво измена на Правилникот за урбанистичко планирање со којшто јасно ќе биде дефинирано на кој начин ќе се спроведуваат и ќе се градат велосипедски патеки за веќе инвеститорите да немаат изговор да не ги градат истите, сега ќе бидат обврзани да ги градат и второ, веќе после Нова година почнуваме политика на Министерството за транспорт за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипеди со цел што повеќе луѓе да користат велосипед. Значи од една страна ќе работиме на инфраструктура за велосипеди, а од друга страна на овозможување на сите коишто сакаат да купат велосипед. Се надевам ова ќе е еден чекор напред кон користење на велосипеди, имање на подобра велосипедска инфраструктура, секако побрза комуникација и поздрава животна средина. Одиме напред! – oбјави министерот Николоски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik